17:17 - 9 јануари, 2026

ТРИ ПОСНИ САЛАТИ ЗА ПРАЗНИЧНАТА ТРПЕЗА: За „час“ се готови, за „час“ се јадат!

И оние кои постат можат да уживаат во сите вкусови и миризби на празничната атмосфера одбирајќи си посни рецепти со вистинска комбинација од состојки. Такви се овие три салати кои се поготвуваат брзо. 

Инспирирајте се, гответе и забавувајте се. 

Салата со праз и со туна

Потребни намирници – 1 кг компир, 2 големи конзерви туна (во парчиња), 1 поголем праз (или два помали), 10-на кисели краставички, 300 грама посен мајонез, сол и црн пипер.

unplash

Подготовка

Измијте го и сварете го компирот без да го лупите. Потоа излупете го и исечкајте го на коцкички. Празот исечкајте го на кругчиња, малку посолете, па оставете го кратко да отстои дури пушти малку сок. Пред да го измешате со останатите состојки, добро исцедете го. Краставичките исечкајте ги на ситни коцки. Сите состојки соединете ги, па додавајте малку по малку мајонез. На крајот посолете по вкус, наросете малку црн пипер и се добро измешајте.

Салата од бел грав

Потребни намирници – 250 грама бел грав, кромид, 50 грама зелена салата, 20 црни маслинки, 3 лажици сечкан свеж магдонос, сок од 1 лимон, сол и црн пипер.

unplash

Подготовка

Измијте ја зелената салата и листовите убаво наредете ги на чинија за сервирање. Ако користите грав од конзерва подготовката е многу едноставна. Белиот грав треба да се свари во солена вода на тој начин што зрната ќе останат цели, односно да не бидат преварени. Сварениот грав исцедете го и оставете го на страна убаво да се олади. Кромидот исечкајте го на ситни парченца. Во посебен сад измешајте го внимателно гравот, кромидот, додадете ги маслинките и ситно исечканиот магдонос.   На крај зачинете со сол, црн пипер и сокот од лимон. Внимавајте да не претерате со лимоновиот сок, дегустриајте па додавајте од лимонот по вкус. Сервирајте ја салатата на листовите од зелена салата.

Салата од компир и моркови

Потребни намирници – 1/2 килограм компири, 200 грама сенф, 4 помали главици кромид, 3 варени моркови.

Подготовка

Излупете го и сварете го компирот, потоа сварете ги и морковите. Водата од варениот компир сочувајте ја, а во посебен сад испасирајте го компирот и морковите. Потоа добро измиксајте ги заедно. Излупете го и ситно исечкајте го кромидот, па продинстајте го во водата во која се вареше компирот. Кога кромидот малку ќе омекне, спојте го со смесата од компири и моркови. На крајот додадете го сенфот и уште малку матете со миксер. Декорирајте со магдонос.

Слични објави

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо

Нов удар кон семејството: Бруклин Бекам им забранил на родителите директен контакт, можат да го бараат преку адвокат

Еспресо

Катарина Грујиќ откри како реагирал татко ѝ кога одлучила да вгради силикони на 20-годишна возраст: „Ме викаа клемпава, а другиот прекар ми беше даска“

Еспресо

Го изненади со патување за роденден: Тамара Тодевска објави уникатна приказна

msp-admin

(Фото) Српската државна рекордерка и учесничка во реалното шоу „Ексатлон“ пренесена во итна помош! Доживеала ужасна повреда

Еспресо
Се вчитува....