17.8 C
Скопје
16:28 - 18 октомври, 2026

СВИНСКИ БУТ НА НАЈВКУСЕН НАЧИН: Рецепт од кујната на Давор Панчевски

Ништо повкусно од сочен свински бут прелиен со глазура од сенф и мед. Љубителите на месо ќе бидат воодушевени од овој рецепт кој е совршен за новогодишните и божиќните празници. Постапката на подготовка е мошне лесна, а финалниот резулат е експлозија од вкусови која се топи во уста.

Давор Панчевски, фото приватна архива

Потребни состојки:

4 кг парче од свински бут

Мелен црн пипер по вкус

2 лажици сенф

Масло за јадење

2 лажички мешан сув зеленчук

За глазурата:

1 лажица сенф

1 лажица мед

Сол и мелен црн пипер по вкус

3 лажици масло за јадење

3 лажици вода

1 лажичка оцет

Прилог:

3 компири

3 моркови

1 страк праз

1 црвен кромид

Сол и мелен црн пипер по вкус

Масло за јадење

За сосот:

Течноста од тавата каде што се готвело месото

1 лажичка брашно

2 лажици масло за јадење

50 мл бело вино

Начин на подготовка:

Најпрво зачинете го парчето свински бут со мелен црн пипер и мешан сув зеленчук. Потоа премачкајте го со сенф и полејте малку масло за јадење. Префрлете го парчето месо во тава за печење обложена со хартија за печење. Превиткајте ги сите страни од тавчето со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна на 150 степени околу 3-4 часа. Во меѓувреме подгответе ја глазурата. Во длабок сад измешајте ги сенфот, медот, солта и мелениот бибер, маслото за јадење водата и оцетот.

Потоа, отстранете го тавчето од рерна и тргнете го парчето фолија.

Премачкајте го парчето со месо со глазурата и вратете во загреана рерна сега на 180 степени и печете околу 30 минути додека не добие убава сјајна златно-кафена боја.

Кога бутот ќе биде готов покријте го со парче алуминиумска фолија и оставете да се излади 20 минути.

Во тава на оган загрејте масло и пропржете го брашното. Полејте од течноста во која се готвело месото и бело вино. Матете со жица за матење додека целата смеса не се соедини и не стане густа како сосот.

За тоа време во тавче обложено со хартија за печење, ставете ги исецканите компири, моркови, праз и кромид. Зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус и полејте со масло за јадење. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути. На половина од печењето извадете го тавчето од рерна и промешајте ги сите состојки за рамномерно да се испечат. Послужете со сосот и печениот зеленчук.

Комбинирајте го ова превкусно месо со чаша квалитетно црвено вино и во целост препуштете му се на задоволството.

За правилно да го подготвите овој рецепт можете да го погледнете во видеото.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо
Се вчитува....