6.8 C
Скопје
08:24 - 6 декември, 2024

10 СИГУРНИ ЗНАЦИ ДЕКА ЕНЕРГИЈАТА ВИ ЈА ЦИЦААТ ТОКСИЧНИ ЛУЃЕ: Еве како да ги препознаете и што побрзо да ги „откачите“

Токсичните луѓе ви се поблизу отколку што мислите, а веројатно не сте ни свесни колку некој од вашата околина не е добар за вас.

Во продолжение прочитајте како ќе ги препознаете токсичните луѓе, и наш совет е – за посреќна 2022 година – да ги „откачите“.

  1. Токсичните луѓе постојано критикуваат

Критикуваат и ви судат, не само на вас, туку на сите други. Ако се дружите со некој кој постојано критикува и осудува тоа може да биде главен знак дека станува збор за токсична личност. Имено, со постојано укажување на недостатоците на другите, на виделина доаѓаат сопствените несигурности и маани.

2. Не ве слушаат

Повеќето луѓе не слушаат со намера да разберат, туку со намера да одговорат. Ова особено важи за токсичните луѓе. Кога и да зборувате со нив, тие никогаш не се обидуваат да разберат што им зборувате, туку го чекаат својот момент за интервенција.

3. Постојано ве прекинуваат

Токсичните луѓе секогаш ќе најдат начин да ве прекинат во разговорот. Тие не слушаат што некој сака да им каже, освен ако не станува збор за нив самите. А ако никој не зборува за нив, ќе продолжат да го прекинуваат муабетот.

4. Секогаш се негативни

Постојаната негативност е заштитен знак на токсичните луѓе. Без разлика дали се жалат или осудуваат некого, токсичните луѓе секогаш се во најлошата состојба на умот. Во нивната глава никогаш ништо не оди на добро и светот е ужасно место, па со таков став ја црпат енергијата на сите околу себе.

5. Сакаат да се во центар на вниманието

Сакаат се да се врти околу нив, за барем малку да се расположат и задоволат.

6. Не признаваат дека не се во право

Дури и кога не се во право, токсичните луѓе тоа нема да го признаат и секогаш вината ќе ја префрлаат на друг. Токму затоа луѓето во нивно друштво секогаш се чувствуваат виновни за нешто што не рекле или не направиле.

7. Често лажат

Токсичната личност чувствува потреба да излаже во своја полза за да испадне подобра од другите. Константните лаги, дури и кога се мали, создаваат недоверба меѓу луѓето.

8. Секогаш глумат жртва

Еден од начините на кој токсичната личност ќе го добие своето внимание е изигрување на жртва, па дури и ако направила нешто лошо. Тие секогаш ќе ги свртат работите во своја полза и ќе се обидат да ги натераат луѓето да ги жалат или да се чувствуваат виновни што не им помагаат.

9.Немаат емпатија за другите

Ако познавате некој кој нема емпатија за другите, тоа може да биде токсична личност. Токсичните луѓе не ги разбираат емоциите на другите и само се обидуваат да ја подобрат сопствената ситуација. Дури и кога ќе покажат сочувство, глумат за да добијат нешто што сакаат.

10. Зрачат со негативна енергија

Луѓето опкружени со токсични лица не се чувствуваат удобно во нивно друштво, дури и тогаш кога не знаат да дефинираат во што е проблемот. Во такви ситуации најдобро е да му верувате на сопствениот инстинкт и да се држите подалеку од нив!

Слични објави

Излезе ценовникот на Сандра Африка: За само неколку месеци ќе заработи над половина милион евра

Еспресо

(Фото) Се појави фотографија од Вељко Ражнатовиќ со 109 килограми! До него Богдана во опуштено издание, без градник

Еспресо

Милиќ Вукашиновиќ утре излегува од болница! Рокерот не падна со духот по ампутацијата на ногата: „Веќе почнав да вежбам“

Еспресо

„Не сакам да умрам…“: Марија Шерифовиќ искрена за своите стравови, откри од што не може да се воздржи

Еспресо

(Видео) Ноле го испеа хитот на Сенида во фризерски салон! Видеото е хит, а пејачката веднаш реагираше

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ случајно објави фотографија без филтри и шминка, па брзо ја избриша

Еспресо
Се вчитува....