16:10 - 31 март, 2026

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Ава Карабатиќ на Инстаграм објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во Хрватска

„Сакам да ја информирам јавноста дека официјално ја објавувам мојата кандидатура за претстојните претседателски избори. Како професор по италијански и латински јазик, со диплома стекната на државен универзитет, ја нагласувам важноста на образованието, културата и професионалниот пристап во сите аспекти на општествената дејност.

Со оглед на тоа, барам во јавноста да ми се обраќаат моите вистински професионални и академски квалификации, а не сензационалистички етикети како ‘старлета’, кои го омаловажуваат мојот труд и работа“, напиша Карабатиќ на Инстаграм.

„Денеска имав исклучително конструктивен и инспиративен разговор со министерката за култура, г-ѓа Нина Обљен Коржинек. Таа средба, обележана со меѓусебно разбирање, дополнително ме поттикна да ја донесам оваа важна одлука и да ја објавам мојата кандидатура.

Културата, образованието и општествената одговорност се основата на мојата програма, со цел градење на општество во кое се вреднуваат трудот, стручноста и иновативноста.
Ви благодарам за поддршката и со нетрпение очекувам да ја споделам мојата визија за подобро општество со вас“, објави таа.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....