17:09 - 27 ноември, 2026

Снаата на Драгана Мирковиќ се породи: Пејачката стана баба

Пејачката Драгана Мирковиќ стана баба!

Нејзиниот син Марко и снаата Мелани добија ќеркичка, а гордите родители ѝ го дадоа името Ксенија.

Породувањето било извршено со царски рез во познатата виенска клиника AKH, а сè поминало во најдобар ред. Мајката Мелани се чувствува одлично, а малата Ксенија добила највисоки оценки на раѓање.

Извори блиски до семејството откриваат дека Драгана е пресреќна, но одлучила овој посебен ден да го помине во тишина – се повлекла од јавноста, ги исклучила телефоните и се посветила целосно на семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Bijelic (@marko_vnm)

Значењето на името Ксенија

Името Ксенија спаѓа во групата на стари христијански и календарски имиња кои повторно ја враќаат својата популарност. Потекнува од латинскиот збор xenia или старогрчкиот euxene, што значи гостопримлива, љубезна и топла личност.

Да потсетиме, Драгана Мирковиќ повеќепати изјавуваше дека со нетрпение го очекува моментот кога ќе стане баба, велејќи дека тоа ќе биде „најубавата улога во животот, затоа што тогаш се сака без интерес и без мерка“.

„Замислувам како ќе изгледа тој момент и чувствувам дека ќе биде нешто посебно, нешто што срцето одамна го посакува,“ изјави таа порано — а денес таа желба ѝ се исполни.

Слични објави

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.
Се вчитува....