05:37 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пак дождови, и пак снег, еве во кој дел од денот!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките планини. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Попладне и навечер ќе има услови за повремен локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Според Попоски, утре ќе има краткотрајно стабилизирање на времето, додека од недела попладне и навечер и тоа под влијание на нов влажен бран се очекуваат нови врнежи од дожд и снег на повисоките планини. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Ново заладување на времето се очекува во првите денови од следната недела, кога услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....