9.8 C
Скопје
21:44 - 10 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Ни доаѓа ли есктремното невреме од Инстанбул?

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Поради заладувањето, врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места, особено во северните и западните предели, каде снежна покривка ќе се формира понекаде и на пониските места, а на планините истата ќе се зголемува. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи разведрување и стабилизирање на времето. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен долж Повардарието. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 10 степени во најтоплите предели од државава, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината во текот на претпладнето времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд и од снег, додека попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи разведрување и стабилизирање на времето. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Според Попоски,  утре и во четврток времето ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Наутро и тоа поради разведрувањето ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека максималните ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени. Нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува во петок, како и за време на викендот.

Есктремното невреме од Инстанбул, значи, не ни доаѓа. Ќе дува засилен ветер, а потоа времето ќе се стабилизира.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....