7.8 C
Скопје
20:07 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Какво време ќе имаме за Бадник?

– Денес времето во Македонија ќе биде умерено, локално и значително облачност. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од западен и од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Претполадне ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Според Попоски, утре и во четврток за Бадник времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец, Температурите и тоа минималните ќе се спуштаат во интервалот претежно од -2 до 6 степени, додека максималните и понатаму ќе бидат натпросечни и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. Од петок па натаму, односно за Божиќните презници времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Повремено снежната граница има услови да се спушти и до околу, па и под 1000 м.н.в. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени во најтоплите предели од државава.

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо
Се вчитува....