7.8 C
Скопје
22:38 - 24 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: До кога ќе имаме топло сончево време?

– Во останатиот дел од викендов времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени- вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во Скопје и околината во останатиот дел од викендов, односно утре ќе се задржи стабилно и суво време, поточно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 14 степени.
Според Попоски,  во почетокот од следната недела времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели претно од северозападен правец. Температурите остануваат натпросечно високи и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.
Барем отсега гледано за Бадник и Божиќ исто така се очекува претежно стабилно, суво и не многу студено време. Сепак детални и по потреба обновени анализи околу ова следуваат понатаму во текот на следните денови.

Слични објави

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо
Се вчитува....