5.8 C
Скопје
02:28 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Радувајте му се на зимското сонце, особено овие граѓани!

– Како што веќе кажавме и најавивме, во остатокот од овој викенд времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени. Во Скопје и околината во остатокот од викендов времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималните температури ќе се искачуваат до околу 5 степени. Потоа во почетокот од следната недела се очекуваат повеќе сончеви периоди, но наутро ќе биде уште постудено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека на планинските места истите се очекува да се спуштат до околу -15 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалотод -1 до 7 степени. Исклучок ќе биде понеделник кога ќе биде малку потопло и тогаш во најтоплите предели од државава температурите се очекува да се искачат до околу 11 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....