17:59 - 10 ноември, 2026

(ФОТОСТОРИЈА) КАВАДАРЧАНКАТА ВАЛЕНТИНА ИМА ДВА ТАЛЕНТИ: Покрај фантастично дворче, прави магични куќички

Валентина Димитрова која има 49 години и живее во Кавадарци, изработува прекрасни празнични куќички. Со нејзините изработки се сретнавме, благодарение на групата ДВОРЧЕТО во која нејзината снаа Ивана Ристевска Димитрова, пофалбено ги имаше споделено.

Креативната енергија на Валентина е неспорна, таа од секојдневни материјали, создава украси што предизвикуваат топлина во сечија душа…

– Со оваа уметност се занимавам една година. Изработував само за дома, за блиски, а сега се одлучив јавно да ги споделам, ни вели Валентина.

– Куќичките се изработуваат од стиропор, картон, силикон и камчиња и за изработка на една куќичка е потребно од 4 до 5 дена и многу внимание и љубов, раскажува таа за ракотворбите.

Па за украсувањето во духот на празниците се потребни многу идеи и секако новогодишни материјали, елкички, светулки, дедо мразовци и и секако највозбудлив е крајот кога ќе ја видите куќичката како зрачи со љубов, хармонија во знак на празниците.

– Сега за сега изработувам само новогодишни куќи за до година може ќе побарам и нешто ново.

Валентина и освен што прави куќички што зрачат со топлина се занимава со уредување на дворот има изработено дури и фонтана!

(ФОТО СТОРИЈА) ПРАЗНИЧНА МАГИЈА ВО ДОМОТ И ДВОРОТ НА СЕМЕЈСТВО ВРЖАЛКОВСКИ: Во украсувањето на природната елка уживаме сите, а најрадосни се децата!

УЖИВАЈТЕ ВО ГАЛЕРИЈАТА:

 

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

Инаку,  Ивана е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

(ФОТОГАЛЕРИЈА) РАЗГОВОР СО ПЕТРЕ БАКАРОВ: Чувар на животот и судбината на баобабите и другите чеда на природата

 

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....