21:41 - 22 декември, 2024

Невестата во црно: Лидија Панг покажа дека треба да се излезе од шаблонот (ФОТО)

Лидија Панг покажа дека треба да се излезе од шаблонот и да се остане доследен на својот вкус и на желбите.

Таа е модна дизајнерка, чија љубов кон црната боја е толку голема што решила и судбоносното „да“ да го изговори во венчаница со црна боја.

Никој од гостите не го очекувал тоа, па сите занемеле кога се појавила во елегантна црна венчаница.

Церемонијата на венчавањето е одржана на поле во Велс, а централен дел од декорацијата било старо стебло околу кое бил поставен целиот декор и столиците за гостите.

Целата декорација и изборот на музиката исто така бил по малку мрачен. Доминирале црни и бордо детали, а сè било во готик и панк стил.

Лидија била доволно храбра да го спои панкот и гламурот и да креира елегантен фустан за кој денес многумина зборуваат.

За венчаницата била задолжена лондонската дизајнерка Кајти Робертс Вуд, чиј основен стил на креирање се препознава во бајковитиот пристап кон ткаенината, а заштитен печат на нејзиниот дизајн се карнерите и сè она што со нив може да се постигне во најфантастични форми.

Затоа не зачудува што токму карнерите играле главна улога во изработката на венчаницата на Лидија Панг.

View this post on Instagram

Lydia Pang (@lydia_pang_), the global editorial design director at Nike HQ, and designer @RooWilliams initially connected online, but not through the apps. They met on MySpace 12 years ago. “To be honest, we didn’t intend to ever get married,” Lydia says. “It wasn’t something we prioritized! But as we’ve gotten older, and experienced so much and been through so much, we felt like we deserved to celebrate our love and what we’ve achieved together.” Both were raised surrounded by nature in South Wales, and knew they wanted to get married where they grew up and fell in love—especially in their own style. Lydia and Roo are both visual creatives; they wanted their day to reflect their tastes and memories. “We had the ceremony in front of a dead tree, ate our favorite food, got tattoos, and named our tables after emo songs,” Lydia says. Tap the link in our bio to see more from their wedding. Photo by @victoriasomersethowphotography

A post shared by Vogue Weddings (@vogueweddings) on

 

Слични објави

(Фото) Уживаат во љубовта: Горан Алачки и Марина Дојчиновска на одмор на Малдивите

apostolova

(Видео) Весело на слава кај Миа Костова: Ги собра најблиските во винарија за Св. Никола!

apostolova

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо
Се вчитува....