21.8 C
Скопје
19:22 - 2 мај, 2024

НАЈУБАВИТЕ ЦИТАТИ ЗА СИЛАТА НА ВОЛЈАТА И ДУХОТ: Нека се прашуваат како успевате да ја задржите насмевката

Посилни сте отколку што мислите. Но ако некогаш се посомневате во тоа, сетете се на овие цитати.

Енергијата ја црпиме од многу работи, понекогаш од љубовта со која не даруваат луѓето околу нас. Понекогаш од верата. А најчесто, од нас самите.

Тешко е секогаш да се остане силен, со крената глава. Уште потешко е кога ќе сфатите, а тоа понекогаш се случува, дека немате на кого да се наслоните. И токму тие се оние мигови кога ви е потребна целата сила која ја имате во вас.
Aко билокога се посомневате во себе и ви затреба поддршка, сетете се на овие зборови:

– Силата расте кога ќе помислите дека не можете повеќе, а сепак продолжувате понатаму. (непознат автор)

– Останете силни, нека се прашуваат како успевате да ја задржите насмевката. (непознат автор)

– Гавата горе! Најтешките битки животот ги чува за најсилните. (непознат автор)

– Силни луѓе не се оние кои никогаш не плачат. Силни се оние кои плачат, ги бришат солзите и продолжуваат да се борат. (непознат автор).

– Да…таа ја познава болката, но таа е сила, нејзиното срце не знае поинаку. (А.Р. Ашлер)

– Бидете доволно силни да можете сами, доволно мудри за да препознаете кога ви е потребна помош, и доволно храбри да ја побарате. (Марк Аменд)

– Тешките времиња создаваат силни луѓе (непознат автор)

– Немојте да им робувате на своите чувства. Контролирајте ги. (непознат автор)

– Ќе паднеме. Ќе се скршиме. Ќе доживееме неуспех. Но тагаш стануваме, раните се исцелуваат и го надминуваме тоа. (непознат автор)

– Не дозволувајте јазикот да ви грми, ако силата ви шепоти (Сенека)

– Ништо не е силно како нежноста, и ништо не е така нежно како правата сила (Ралф Сокман)

– Непрекината работа, а не силата и интелигенцијата, е клуч да ги отклучиме нашите можности (Винстон Черчил)

– Тоа што не ме убива, тоа ме прави посилен (Фридрих Ниче)

– Трагедијата треба да ја сфатиме како извор на сила (тибетанска изрека)

– Солзите кои ги пролеваме за друга личност не се знак на слабост, туку на чисто срце (Жозе Н. Харис)

– Во длабочината на зимата, научив дека во мене лежи непобедливо лето (Алберт Ками)

– Животот не станува полесен, ние стануваме посилни и поотпорни (Стив Мараболи)

Слични објави

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо
Се вчитува....