За актерката и манекенка во подем, Камила Мороне (22), која плени со својот изглед и природни облини, јавноста дознала кога освоила еден од најголемите холивудски заводници, Леонардо Дикаприо (44).
Секси Аргентинката го воодушеви светот со својата убавина, но и многу мажи со природните облини на кои сериозно може да и позавидат повеќето девојки.
Младата убавица сега во долг златен деколтиран фустан прошета по црвениот тепих на еден филмски фестивал во Маракеш, и уште еднаш покажала на што „паднал” Леонардо.
Може да се каже дека актерката заблескала како никогаш досега, во долг фустан со златна ткаенина, а нејзиното длабоко деколте кое ги истакнувало совршените облини, привлекувало сечие внимание.
Потсетуваме, Мороне и Дикаприо се во врска од 2017-та година, меѓутоа во јавноста избегнуват да се појавуваат заедно.