7.8 C
Скопје
19:44 - 31 март, 2026

Модерниот Тарзан живее со шимпанзи, а има тигар како миленик (ФОТО)

Коди Антле е модерен Тарзан. Неговиот живот изгледа како во филм. Американецот се мази со тигари, живее со шимпанзи, а слонот му е дадилка.

„Секогаш имав поврзаност со животните. Од малечок знаев дека сум единствен, бидејќи не сакав работи кои ги интересираа другите деца“, вели Американецот Коди Антле. Неговиот инстаграм-профил е потполна спротивност од она што сме навикнати да го гледаме. Тој споделува видеа каде што храни тигри, си игра со шимпанзи и позира со нив.

Тој вели дека комуникацијата со животните ја има уште од раѓање, а тој со „ѕверовите“ веднаш кликнал. Без страв им приоѓал на тигрите, се мазел и трчал со нив.

„Само сакав да бидам гол и да се дружам со тигрите во џунглата“, објаснува модерниот Тарзан на кого сонот му се остварил.

Instagram

Објаснува дека со сето тоа започнал неговиот татко, а тој едноставно го наследил. И нему браќата и сестрите му биле тигри и слонови.

„Тие се дури нешто повеќе од браќа и сестри, скоро како да се ваши партнери“, се пошегувал Коди кој редовно вежба со шимпанзата.

„Го воспитав за да биде Могли. Да биде момчето кое околу него ќе има тигри и нема да му биде страв да спие покрај нив. Сакав да биде дете чии најдобри пријатели ќе се шимпанзи“, објаснува неговиот татко „Док“ Антле, кој е основач на институтот кој се грижи за ретките и загрозени видови и е сопственик на резерватот во Јужна Каролина.

„Кога со нив ќе поминете илјадници саати во различни ситуации, тие ви покажуваат страна за која не сте знаеле дека постои“,  рекол модерниот Тарзан.

„Тој е можеби единствената личност на светот која живее вака. Доколку некој е Тарзан, тогаш тоа е тој“, рекол неговиот татко, кој го научил на се и кој го подржува ваквиот начин на живот.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....