Сајмон Кауел, музички продуцент и дел од жирито на популарната емисија Америка има талент, ја запроси својата долгогодишна девојка Лорен Силверман, со која е во врска од 2013 година.
Врската на Лорен и Сајмон не е непозната за јавноста, а запросувањето не е некое изненадување, земајќи предвид дека парот секаде се појавува заедно на јавни настани, заедно одат на летувања и зимувања.
Но која е навистина Лорен Силверман?
Силверман, чие моминско име е Дејвис, израснала во Халандејл Бич Флорида и посетувала приватно училиште Мајами Кантри Деј. Родена е на 26 јули 1977 година во Њујорк, САД, па затоа е американска државјанка. Таа има една сестра, по име Никол, а нејзините родители и двајцата се премажиле/прежениле. Нејзиниот татко Стивен е усешен раководител со недвижнини и сè уште живее на Флорида. Нејзината мајка Керол Ајзенберг Дејвис, бидејќи нејзиниот сопруг отсекогаш заработувал повеќе од доволно, останала дома и била домаќинка.
Лорен го поминала своето детство во раскошен живот со своето семејство, па уште од раните години се навикнала на високиот животен стандард.
Лорен отсекогаш уживала во својот живот меѓу најбогатите луѓе во САД. Таа немала потреба да најде редовна работа, бидејќи се омажила за својот прв сопруг чие богатство било повеќе од доволно за да го живее начинот на живот на кој била навикната од нејзиното детство. Нејзини главни активности се хуманитарни активности и учество во добротворни организации и ангажирање на познати личности да донираат пари за хуманитарни цели.
Силверман живеела во Њујорк со својот поранешен сопруг. Сега, таа живее во Малибу со Сајмон, но парот има и апартман во Њујорк, каде често престојуваат.
Лорен беше во брак со магнатот за недвижности Ендрју Силверман до 2013 година; заедно го добија синот Адам Силверман. Според Good Housekeeping, кога Лорен и Ендрју го договориле разводот, тие го делеле старателството над својот син, но „имаше строга одредба која траеше до јануари 2015 година, во која се наведуваше дека од Сајмон се барало да се држи настрана од синот на парот, Адам, или би се соочил со казна од 50.000 долари“. Сега, Сајмон игра активна улога во животот на Адам; момчето беше присутно кога Кауел беше почестен со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
Во 2014 година, Лорен и Сајмон го добиле нивниот син Ерик. Ерик се појави како „гостин судија“ на America’s Got Talent.
Врската на Кауел и Силверман беше проследена со контроверзии во таблоидите, откако беше откриено дека тие почнале да се забавуваат додека таа и Ендру Силверман сè уште биле во брак. Силверман забременила од Кауел во 2013 година, што го натерало Ендру да поднесе барање за развод.
Во 2015 година, Силверман изјави за списанието Hello! „Мислам дека Сајмон ме промени. Ме натера да се смеам цело време. Не можам да му се налутам затоа што кога се обидувам да бидам серозна тој само ме насмевнува. Чувствувам дека учам толку многу од него, што е неверојатно инспиративно.”
Кауел и Силверман се запознале на годишен одмор во Барбадос. Сега, многу често одат на летување или на краток одмор токму таму. На нивното последно патување (на кое биле присутни и двата сина), парот посвоил кученце по име Дејзи на хуманитарна вечера. Тие веќе имаат три кучиња, Сквиди, Диди и Фреди, а Дејзи е четврто куче во нивниот дом.