26.8 C
Скопје
17:33 - 29 април, 2024

Гастро марифети: Драга ни носи драги рецепти научени од баба ѝ Драга

Драга Коларовска е професорка по англиски јазик и книжевност и овластен преведувач, по потекло е дебарчанка, а живее во Скопје. Мајсторството во кујната го „испекла“ благодарение на баба Драга.

Уште од мала го засакала кулинарството благодарение на баба ѝ Драга – нејзината ѕвезда водилка – која за сè ja подучувала. И како што си сака да готви, така си ја сака и својата професија.

– Работата со децата ме исполнува, тие мали очиња и неброени детски насмевки ми даваат волја и поттик, ни рече таа.

Драга сака најразлични кујни од различни поднебја, а за неа е предизвик секој нов рецепт и секое откривање на нови вкусови.

Овојпат ни подготви бискупски леб, дебарска баклава и

Бискупски леб

Потребни состојки: 10 јајца, 300 грама брашно, 300 грама шеќер, 100 грама светло суво грозје, 100 грама темно суво грозје,100 грама суви сливи, 100 грама суви смокви, 100 грама брусница, 100 грама топено чоколадо за готвење, 100 грама бразилски ореви, 100 грама индиски ореви, 100 грама бадеми, 100 грама лешници, 100 грама ореви.

Подготовка: Јајцата се матат со шеќерот, потоа се додава брашното. Кога ќе се измешаат убаво се додаваат јаткастите плодови претходно исецкани. На крај се додава топеното чоколадо и се промешува да се добие хомогена смеса. Се пече на 180 степени околу 20 минути. Наздравје сладење!

Дебарска баклава

Состојки: За кори: 1 кг брашно, 5 жолчки, 150 мл масло, млака вода да се замеси меко тесто. За фил: Мелени ореви (или лешници). За шербет: 1 кг шеќер, 750 мл вода.

Подготовка: Во сад за месење ставете ги сите состојки и замесете убаво лепливо тесто. Добиеното тесто разделете го на 40 мали топчиња, кои ќе ги размесите во помали корички. Коричките се лепат со малку масло по две една со друга, па се расукуваат во една кора. Постапката се повторува со сите топчиња тесто. Расуканите кори се редат во тепсија за печење, а помеѓу секоја кора се посипува по малку масло, колку да се одделуваат (да не се залепат), а во средината на корите се ставаат мелените ореви или лешници, (може и бадеми) посипени со растопено чоколадо. Откако ќе се наредат сите кори, баклавата се сече па се пече во загреана рерна додека добие убава румена боја. Шербетот напрвен од 1 кг шеќер и 750 мл вода се вари, па се полева баклавата и се остава убаво да се впие. Се послужува ладна.

Казандиби 

Состојки: ½ парче свеж пилешки стек, 1 литар млеко, 1/3 шолја пченкарен скроб, 1 шолја шеќер, 1 чајна лажичка екстракт од ванила, 2 шолји вода, шеќер во прав за поросување и цимет.

Подготовка: Сварете го парчето пилешки стек во подлабок сад, треба да биде покриено со доволно вода. Тргнете го зготвеното пилешко од тавата и ставете го во длабока чинија. Извлечете го месото со помош на прстите во фини ленти. Продолжете да го сечкате пилешкото колку што е можно поситно. Moже да ги користите нишките од вилушката за помош. Оваа постапка треба да биде лесна, доколку пилето е добро зготвено. Ставете го млекото во големо тенџере и стоплете го (зовријте го) неколки минути. Додајте го исецканото пилешко во него и мешајте со помош на рачен миксер, два или три пати додека стане мазно. Ставете го тенџерето на топло и продолжете да готвите околу 20 минути или повеќе, постојано мешајќи го. Во посебен длабок сад измешајте го заедно со пченкарниот скроб, оризовото брашно и околу 2 шолји вода додека се добие мазна смеса. Тргнете го млекото од шпоретот. Користејќи ја смесата, истурете го скробот полека во млекото како што мешате. Откатко ќе го истурите целиот скроб, вратете го тенџерето со млеко на топло и продолжете да готвите, носејќи го до врела температура, притоа постојано мешајќи. Продолжете да го готвите на овој начин околу 5 минути додека почне да се згуснува. На крај, измешајте го шеќерот и ванилата и продолжете да готвите 15 минути или повеќе. Пудингот треба да стане доволно згуснат за да не можете повеќе да мешате. Користете го задниот дел од дрвената лажичка да ја сплеска површината и продолжете да ја движите лажичката како што пудингот се готви. На правоаголна тепсија за рерна ставетете шеќер во прав преку целата површина на тепсијата, па претурете го пудингот и ставете го да зоврие на ринглата постојано вртејќи ја тепсијата за да се испече убаво од сите страни. Откако ќе биде готово тргнете го на страна да се излади, потоа ставете го во фрижидер да се лади околу 6 часа.  Може да го исечете пудингот или да го извадите со помош на голема лажица. Додадете малку цимет во секоја порција пред послужување.

J.K.Д.

Слични објави

Јелена Карлеуша призна дека не верува во помирување со Душко: Ситуацијата е очајна многу долго, никогаш нема да биде како порано…

Еспресо

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо
Се вчитува....