15:44 - 29 јануари, 2026

(ФОТОГАЛЕРИЈА) СО ВАКВА ХРАНА СЕ ТЕШАТ БОГАТИТЕ ВО „КОРОНА“: За ресторанот „Серендипити 3“ се чека и по 10 недели

За да ја избегнат реалноста и анксиозноста на пандемијата, супербогатите се „фрлаат“ на уживање во храна која е забавна, но има астрономски цени. 

Бегство од реалноста. Не за секого, се разбира. Во Апер Ист Сајт на Менхетен, чинија помфрит чини 200 долари. Такво е менито на „Серендипити 3“, кое може да си го дозволат само sвездите на меѓународниот џет сет, од Ким Кардашијан до Рајан Рејнолдс и Селена Гомез, која толку многу го сака овој ресторан што стана дури и нивен партнер.

Омилениот ресторан на Селена Гомез во кој е и партнер, фото Инстаграм

Од оваа кујна веќе од одамна е излезен најскапиот сендвич во светот, Квинтесеншал грилд чиз, продаден за 214 американски долари: мора да се нарача барем 48 часа однапред, за да се снабдат сите намирници, а и за да се растопи италијанското сирење помеѓу две парчиња леб натопени во шампањско и путер.

Само по нарачка, исто така, може да го добиете и десертот наречен Frozen Haute Chocolate, вид сладолед направен со 14-те најскапи видови какао, а се јаде со златна лажица. Украсите -дијамантчиња може да си ги однесете дома како сувенир. Цената на овој десерт? 25 илјади долари.

Но, желбата да се изненади клиентот понекогаш оди многу подалеку од цената што клиентите се подготвени да ја платат. Еден од специјалитетите на „Серендипити 3“ е замрзнато топло чоколадо, чија „нормална“ цена започнува од 12,95 долари па нагоре. Откако е отворен ресторанот, во 1954 година, од овој специјалитет биле послужени над 30 милиони чаши.

Инстаграм

И покрај премогу „солените“ цени, веќе постои листа на чекање за да бидете гостин на ресторанот, па така, може да чекате од осум до десет недели за да ги вкусите овие специјалитети.

Според главниот готвач Калдероне, „Серендипити е навистина среќно место, а луѓето доаѓаат овде да прослават и да избегаат од реалноста“.

Како и многу други ресторани, и овој беше затворен за време на пандемијата, но за среќа на клиентите ресторанот повторно ги отвори своите врати на 9 јули.

Специјалитетите кои содржат изрендан тартуф имаат уште повисока цена, но сепак, тартуфите се едни од најбараните намирници, односно зачини, во овој ресторан.

Уживајте во дел од менито, со очи се разбира. 

ФОТО – Инстаграм на Серендипити 3.

Слични објави

(Фото) „Ќе родам син спортист“: Јована Јеремиќ се пофали како изгледа нејзиното тело по редовен тренинг и здрава исхрана

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во хотелска соба со мистериозен маж: Објава што ги запали социјалните мрежи!

Еспресо

(Фото) Тродневна потера по Наташа Беквалац: Што прави пејачката кога мисли дека никој не ја снима?

Еспресо

(Фото) Дали ги препознавате? Исплива фотографија од „Ѕвездите на Гранд“, стара речиси 20 години

Еспресо

Познатите се собраа на големата прослава кај Огњен Амиџиќ: Наздравуваат од срце за малата Лола

Еспресо

„За првпат сум целосно трезен“: Дарко Лазиќ го промени својот живот од корен

Еспресо
Се вчитува....