16:10 - 1 април, 2026

ФОТО СТОРИЈА: Во Лескоец, во дворот на фризерката Сузе, сите цвеќиња се дотерани како за на црвен ќилим!

Во сончевиот неделен ден, повторно се вративме во охридското село Лескоец, а овојпат ја посетивме Сузе Асилоска, која е по профсија фризерка.  И како што е умешна во средување на косите, така е и вешта во одгледување на цвеќиња и растенија. 

– За уредување на дворот сама сум одговорна, но љубов и труд вложува и мојот поголем син – ни вели Сузе.

Дворот оплеменува тристотини квадратни метри. Раскошен е и наесен, а тоа затоа што Сузе ги обожува есенските цвеќиња, како и орхидеите.
Оние цвеќиња кои не можат да ја преживеат зимата надвор, се веќе уредно спастрени во домот, во просторија со светлина, а се полеваат секое по потреба.

Инаку, Сузе е членка на Фејсбук групата … ДВОРЧЕТО …, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Во селото Лескоец, неодамна го посетивме и мераклискиот двор на Љубица, па проверете како си поминавме.

ВО ЛЕСКОЕЦ ВО МЕРАКЛИСКИОТ ДВОР НА ЉУБИЦА: На љубовта цвеќето враќа тродупло со неговата убавина!

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....