14.8 C
Скопје
21:31 - 11 октомври, 2026

(Фото) Сопругот ја истетовирал Каја Остојиќ на раката: Пејачката покажа како изгледа

Српската пејачка Каја Остојиќ не крие колку ужива во љубовта со сопругот Милош Чујовиќ, а сега покажала и гест со кој тој ѝ приредил посебно изненадување.

Пејачката, која зад себе има три брака, е во брак со Милош Чујовиќ, со кого, како што постојано изјавува, ужива во хармоничен однос.

Каја сега се огласила на социјалната мрежа Инстаграм и покажала дека нејзиниот сопруг го истетовирал нејзиниот лик на раката. Таа ја сподели фотографијата од тетоважата со своите следбеници, а со објавата напиша и емотивна порака.

„Твоето срце е рај од соништата“, напишала Каја во описот, заедно со емотикони во форма на бесконечност и срце.

Милош, инаку, ретко се појавува во јавност, бидејќи не сака претерано да се експонира. Каја претходно зборуваше за нивниот однос и откри дека нејзиниот сопруг води мошне повлечен живот.

„Мојот сопруг не сака да излегува и ние имаме неколку места каде што одиме заедно, тој своето движење го ограничи на неколку места. Постои одредена доза на љубомора од двете страни штом има љубов, но ние имаме милијарда проценти доверба еден во друг и тој го знае секој мој чекор“, изјави неодамна Каја.

Судејќи според фотографијата што ја објави сега, Милош на овој начин одлучил да покаже колку му значи сопругата.

 

.

Слични објави

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо

Јелена Спенџарска доживеа необична средба во такси во Скопје: „Возачот ми покажа наша фотографија стара повеќе од една деценија“

Еспресо

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ секојдневно се слушаат — нивната ќерка наскоро се сели во Милано

Еспресо

(Фото) Медениот месец не ѝ започна според планот – Аница Лазиќ ја опиша драмата на патот кон Италија

Еспресо
Се вчитува....