16:29 - 5 декември, 2025

АФЕРИТЕ НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Кејт не се огласува, кралското семејство молчи, а медиумите добиваат нови извори

Принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон имаат навидум хармоничен и среќен брак. Секогаш се насмеани, задоволни, блескаат каде и да се појават. Сепак, јавноста е веќе добро запознаена, преку медиумите, со аферата на принцот која се случила пред неколку години.

Иако нивниот брак изгледа идилично, медиумите тврдат дека не е сè така бајковито како што изгледа кога ги гледаме на фотографиите. Кејт пак, никогаш не зборувала за нивните проблеми во врската.

На самиот почеток на бракот Вилијам сè уште ја слушал и се гледал со својата поранешна девојка Џек Крег, а Кејт била многу љубоморна и лута поради тоа. Во тоа време принцот постојано одел на забави, пиел, а поради лошите навики на кратко раскинал со Кејт, која не издржала.

Сега пак, актуелни се „протечените“ докази дека Вилијам ја изневерувал Кејт во овој период, која знаела за тоа, но се надевала дека тој ќе се промени. Денес тој е поинаков човек, но всушност тоа не било секогаш така. Блиски извори денес тврдат дека Џек и Вилијам „биле многу блиски, дека дури оделе заедно на кратки патувања и дека Кејт во тоа време била сама дома“.

Друга афера за која многу се пишуваше, а и се уште се споменува и допрва реоткрива, е аферата со маркизата Роуз Ханбери, која исто така била и блиска пријателка на Кејт.

Блиски извори денес тврдат дека нивната афера се случила токму во времето кога Кејт била бремена со принцот Луј. Кејт тогаш се чувствувала ужасно, бидејќи не можела да прифати дека нејзините деца еден ден ќе ги прочитаат сите тие вести за нивниот татко. Но, Вилијам брзо успеа да ги среди работите со медиумите и да ги прикрие и прекине понатамошните шпекулации, но немал никакво влијание на социјалната мрежа Твитер, каде шпекулациите продолжиле.

Никој од кралството јавно не проговори за аферата, ниту пак негираше. 

Кејт повеќе не се дружи со маркизата и неволно оди на настани каде што е и таа присутна.

Која е вистината и колку од неа ќе дознае јавноста, времето ќе покаже.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....