13:53 - 12 март, 2026

ЅВЕЗДАТА ОД „THE SOPRANOS“ ПРОГОВОРИ ЗА ЗАВИСНОСТА: Алкохолот беше решение за моите проблеми

еди фалко

Еди Фалко во интервју за „The Guardian“ прозборе за нејзините проблеми со алкохолизмот.

Актерката најпозната по улогите во серијата „The Sopranos“ призна дека со години се борела со зависноста од алкохол. Често во животот не ѝ било лесно, без разлика на успешната актерска кариера и како што откри, ѝ требало време да го прифати фактот дека е зависна. Но, откако го допрела дното кон крајот на 90-тите, сфатила дека мора да престане.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edie Falco, I Am Not (@notediefalco)

„Со години воопшто немав пробано алкохол, а потоа го испив првиот пијалок додека студирав и ја открив нирваната. Алкохолот беше решението за сите мои проблеми, но и нивната причина“, раскажа актерката.

еди фалко
Фото: EPA/PAUL BUCK

Фалко кажа дека е трезна веќе 29 години, а алкохолот бил нејзиниот начин да се справи со недостатокот на самодоверба. Алкохолот, исто така, не ѝ бил единствениот порок.

„Бев голем љубител на кокаин ако некој ми понудеше бидејќи не можев сама да си го дозволам. Марихуаната само ми предизвикуваше вознемиреност“, призна 58-годишната актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edie Falco, I Am Not (@notediefalco)

Дури избирала мажи според тоа дали пијат или не.

„Чекав да видам колку брзо ќе го спомне алкохолот во разговорот и така одлував дали да се плеткам со некого или не“, откри актерката, додавајќи дека постојано се убедувала себеси дека подобро глуми кога е мамурна.

Улогата во „The Sopranos“ ѝ го променила животот

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edie Falco, I Am Not (@notediefalco)

Станала свесна за проблемот кога еден ден се разбудила во својот стан по ноќно излегување и сфатила дека ја оставила вратата од станот отворена цела ноќ. По тој настан престанала да пие.

Почнала да добива мали улоги како онаа во филмот „Cop Land“, а потоа улогата на Кармела во серијата „The Sopranos“ ѝ го променила животот. За време на 10-те години од снимањето на серијата, таа се спријателила со актерот Џејмс Гандолфини, а неговата смрт била многу шокантна за неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edie Falco, I Am Not (@notediefalco)

Тоа е неверојатно тажно“, рече актерката, признавајќи дека по неговата смрт никогаш не ги погледнала „The Sopranos“ затоа што тоа било премногу болно за неа.

„Ми беше премногу тешко да ја гледам, а најмногу поради Џим. Луѓето умираат, а вие продолжувате понатаму, а потоа ги гледате на екраните и тоа исто така ве шокира. Па, јас и Џими тогаш бевме деца! Никој од нас не знаеше што прави, но работевме на ист начин, не се подготвувавме, бевме како деца кои си играат во песок. Со мојата блиска пријателка и поранешна колешка Аида Туртуро гледавме неколку епизоди и рековме – ова ќе ме докрајчи“, објасни таа..

Актерката во својата кариера има освоено два Златни глобуси, четири Еми награди, пет награди од „Screen Actors Guild“ и има заработено вкупно 47 номинации за различни актерски награди.

Слични објави

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin
Се вчитува....