14:27 - 12 ноември, 2026

ПАРТНЕРКАТА НА СРПСКАТА ПРЕМИЕРКА НА НАСЛОВНА НА „L`OFFICIEL: Прозборе и за својот син

Милица Ѓурѓиќ, партнерката на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се најде на насловната страница на декемвриското издание на модниот магазин „L’Officiel“, издание за арапскиот пазар.

Милица во интервју за споменатиот магазин откри како гледа на модата.

„Ја сакам модата, но не сум нејзин роб. Не ги следам трендовите. Го носам она што сакам и во што се чувствувам добро“, изјави таа.

На прашањето во кои познати дами наоѓа инспирација, Милица одговори: „Има многу значајни жени во српската историја, кои особено се истакнале во тешки времиња. На пример, Ксенија Атанасијевиќ, првата жена што докторирала на Универзитетот во Белград, потоа големата сликарка Милена Павловиќ-Барили, а потоа храбрата Билјана Србљановиќ…“

„Во Белград има две места кои ги обожавам – Хиподром и Филхармонија. И двете се автентични и уникатни. Белградскиот Хиподром е најстариот спортски објект, место полно со историја и емоции, нешто во што уживаат цели семејства. Таква е Филхармонијата, која и мојот син многу ја сака. Тој ја сака музиката и често одиме заедно на концерти таму“, откри таа.

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....