16:42 - 29 ноември, 2026

Запознајте го Рид Хестингс, сопственикот на Нетфликс: Идејата за стриминг-платформа ја добив од сала за вежбање

Стриминг-платформата Нетфликс е создадена во 1997 година кога тогаш 36-годишниот Рид Хестингс се налутил бидејќи морал да плати казна од 40 долари затоа што доцнел да ја врати видео-снимката во видео-клубот.

Во интервју за Њујорк Тајмс во 2006 година, Хестингс откри дека бил инспириран до идејата за стриминг платформа дошол по посета на сала за вежбање.

„Кога по видеотеката во која платив огромна казна отидов во теретана, сфатив дека салите за вежбање имаат многу подобар модел на работење. Можете да плаќате 30 или 40 долари месечно и да вежбате колку сакате или не сакате“, откри Хестингс.

Својата размислување го споделил со претприемачот Марк Рендолф, и така решиле да ја реализираат идејата за стриминг платформа.

На почетокот сè функционирало така што Хестинг и Рендолф изнајмувале ДВД-а на клиентите и ги испраќале по пошта со месечна претплата од 20 долари, а претплатниците можеле да нарачаат неограничен број филмови.

Десет години подоцна, Хестинг и Рендолф одлучиле дека е време да се фокусираат на прикажување филмови онлајн и да престанат да доставуваат ДВД-а на домашните адреси на клиентите.

Хестингс е роден во Бостон во 1960 година. Неговиот татко, Вилмот Рид Хестингс, работел во Министерството за здравство, образование и социјална заштита на претседателот Ричард Никсон.

По завршувањето на средното училиште, една година продавал правосмукалки од врата до врата. Дипломирал математика, а за време на студиите се приклучил на маринците.

Својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, но познато е дека живее во Санта Круз, Калифорнија, со сопругата Патриша Ен, со која има две деца,

Неговиот колега Рендолф го напушти Нетфликс во 2003 година, објаснувајќи дека неговата цел била само да му биде ментор на Хестингс и да му помогне да ја реализира идејата за платформа. Како што изјави тогаш, се повлекол кога сфатил дека неговото менторство е завршено.

Слични објави

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.
Се вчитува....