22:55 - 8 ноември, 2026

Ѝ посакувам брзо закрепнување на мојата Турција – познатиот актер Бурак Озчивит со сочувство за настраданите

Познатиот актер Бурак Озчивит во емотивна порака на социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Турција.

„Ѝ посакувам брзо закрепнување на мојата Турција. Го молиме Бога за милост, за нашето население, и лесна земја за оние кое ги загубија животите во оваа катастрофа. Моето сочувство до нивните семејства и најблиските, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, објави актерот.

Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија денеска надмина 6.200 луѓе и се очекува да продолжи да расте, додека пристигнуваат спасувачки тимови и меѓународната помош, а спасувачите по многу студено време со сите сили се обидуваат да извлечат преживеани од под урнатините.

Уништена е голема област што им отежнува на спасувачките тимови да стигнат до уништените градови и населени места, а поради студот се стравува колку долго луѓето ќе можат да преживеат под урнатините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....