12:02 - 8 ноември, 2026

Загина ѕвездата на Дизни, родителите одлучија да ги донираат нејзините органи – „утеха ни е дека нејзиното срце чука“

Јужнокорејската актерка Парк Су Рјун трагично почина на 29-годишна возраст, објави „Осен“.

Таа наводно починала откако паднала по скали додека се враќала дома во неделата попладне.

Актерката се прослави со улогата во популарната јужнокорејска драма „Snowdrop“ од 2021 година, која публиката имаше можност да ја погледне на каналот Disney+.

Актерката била пренесена во болница и лекарите се бореле за нејзиниот живот, но за жал таа им подлегнала на повредите.

Семејството на Парк Су Рјун одлучи да ги донира нејзините органи.

„Мора да има некој таму на кој очајно му требаат органи. Како нејзини мајка и татко, утеха ни е да знаеме дека нејзиното срце отишло кај некого и дека чука“, пренесуваат медиумите.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....