10.8 C
Скопје
21:32 - 19 октомври, 2026

Во новата песна на Битлси исчистен е гласот на Џон Ленон со вештачка интелигенција, нема ништо синтетичко

Пол Макартни изјави дека нема ништо вештачко или синтетичко во новата песна на Битлси направена со помош на вештачка интелигенција.

Тој не го откри насловот или текстот на песната, која ќе биде објавена подоцна оваа година. Сепак, се претпоставува дека тоа е композицијата на Ленон од 1978 година наречена „Now and Then“.

Макартни минатата недела изјави за Би-Би-Си Радио 4 дека технологијата на вештачка интелигенција била користена на необјавено демо на Битлси од 70-тите години, што значи дека гласот на Џон Ленон бил успешно исчистен со помош на вештачка интелигенција.

Загрижен за тоа како вештачката интелигенција ќе влијае на егзистенцијата на уметниците во иднина, Макартни изјави дека има многу конфузија и шпекулации за тоа, велејќи дека се чини дека има многу нагаѓања, пишува Гардијан.

„Исчистивме некои постоечки снимки – процес кој трае со години. Се надеваме дека ќе ги сакате исто како и ние“, изјави Макартни.

Песната беше вклучена на лента со ознака „За Пол“, која Ленон ја снимил непосредно пред неговата смрт во 1980 година.

Во интервју за Би-Би-Си претходно овој месец, Макартни ја нарече вештачката интелигенција и „страшна“ и „возбудлива“.

„Тоа е нешто со кое сите се занимаваме во моментов и се обидуваме да се справиме. Тоа е иднината. Ќе треба само да видиме до каде води“, изјави Макартни.

 

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....