20.8 C
Скопје
11:56 - 24 септември, 2026

Внукот на Владо Јаневски: „По неговата смрт ми се јавија педесетина девојки што на некаков начин биле поврзани со него“

Неколку дена по смртта на Владо Јаневски, неговиот внук Дејан Стојановиќ јавно проговори за приватниот живот на музичарот, споделувајќи спомени и детали за човекот кој, како што вели, семејството го познавало поинаку од јавноста.

Во разговор за подкастот „Претрес“ со Кристијан Ландов, Стојановиќ раскажува дека иако семејството било запознаено со неговата здравствена состојба, сè се случило многу побрзо отколку што очекувале.

„Сè се случи многу брзо, и нас како фамилија, не нè фати на препад, но беше многу брзо. Мислевме дека е обична болка, но испадна дека е тоа што е.

Владо како приватен, имаше школка од надворешниот свет. Ние го знаевме како многу дарежлив, фамилијарен човек, но беше дистанциран во неговиот свет.

Никогаш не го доживував како пејач, кога ќе ми кажеа вујко ти што песна напишал, за мене бил вујко и сум го гледал поинаку.

Но има ете една песна што ме допира, од неговите први албуми – „Зборови“ мислам дека се вика. Таму се спомнуваат многу километри, што тој можеби ги имал со некоја сакана личност од Скопје, заради тоа што ми раскажувал, затоа ми се допаѓала.

Тој си уживаше секој ден на свој начин, може така да кажеме. Се дистанцираше од сите и живееше како сакаше, без стрес од фамилија, жени, деца, гледаше ништо да не може да го допре и затоа се дистанцираше за да има долготраен живот без стрес, но ете се случи што се случи.

Го изгубивме и нас ни се јавија од болница, не можам да споделам повеќе заради приватност, се случи брзо, очекувавме, но можеби и се надевавме потајно, човечки е да се надеваш дека тоа ќе помине добро.

Колку и да беше егоцентричен и ајде на скопски, ‘пун со себе’, секогаш имаше време за фамилијата, нè почитуваше, нè сакаше, иако во последно време немавме толку контакт, ковидот сите нè раздели.

Неколку години му бев и менаџер, одевме заедно на концерти, но семејството му беше една страна.

Еве ќе споделам искрено, последниот ден јас добив повици од 50 различни девојки за Владо, што на индиректен начин некако бил поврзан со нив, па ми ги враќаа филмовите, од каде ме знаат од порано.“

Слични објави

(Фото) Дамјан Дренковски и Александра прославија една година брак во Рим — не ја пропуштија традицијата кај Фонтаната ди Треви

Еспресо

Ѕвездите од српската естрада за дочекот на 2027 година ќе заработат богатство: Објавени и цените на билетите

apostolova

Станете и прошетајте на секој час – оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.

(Фото) Марјан Петров го стилизираше Јаков Јозиновиќ за ревијата на „Дизел“ во Милано

Еспресо

Хороскоп за 24 септември: Овните ќе бидат енергични, Раковите ќе посакуваат љубов околу себе

Еспресо

(Видео) По 12 години си замина од „Ѕвездите на Гранд“: Еве каде се наоѓа Ана Бекута

Еспресо
Се вчитува....