09:12 - 2 јули, 2026

„Вие не сте деца, вие сте монструми“: Лила Филиповска со остра реакција по снимката од врсничкото насилство во Аеродром

Снимката од случајот на врсничко насилство во скопската населба Аеродром, на која се гледа како тинејџерка физички напаѓа друга девојка додека присутните снимаат и ја охрабруваат да продолжи, предизвика бројни реакции во јавноста.

Меѓу оние што јавно го осудија настанот е и водителката Лила Филиповска, која преку објава на социјалните мрежи изрази револт поради насилството, но и поради однесувањето на оние што наместо да ѝ помогнат на жртвата, го снимале целиот настан.

Во својата порака таа напиша:

„Видеа со насилство и изживување не можам да гледам, просто немам желудник за тоа.

Ама еве прочитав што се случило во Аеродром и по којзнае кој пат сум во шок и неверување!!!

Зошто, како, до кога ?!

Се прашувам и сакам да знам кои се тие млади луѓе насилници, од какви семејства доаѓаат, знаат ли родителите кого чуваат дома, какви психички проблеми имаат (оти никој нормален не би малтретирал некого)? Кој треба да ти е поривот да се собереш во група и да малтретираш некој кој што е сам, а притоа е девојче!

А посебен круг во пеколот за оние што снимаат! Снимаат малтретирање. Па вие не сте деца, вие сте монструми!

Засрамете се, која иднина ќе ја градиме со насилници како вас?! Мене моите ме учеа дека најважното во животот е да бидеме љубезни, да помагаме да донираме, ама вие изгледа до таа лекција не сте стигнале!

Од кога стана „кул“ млади луѓе, особено девојки да бидат насилнички, од кога?!

Млади, убави, дотерани наместо да бидете дами со манири вие изигравате арамбаши. А машките… срам да ви е!

Нели треба да ги заштитувате послабите од вас… вие не сте мажи, вие сте женски петлиња.

Искрено немам зборови. Се надевам дека ќе бидете соодветно процесуирани од институциите зошто вакви случки не смеат да се повторат.

Жалам за девојчето кое ќе мора да ја носи оваа траума, а на нејзините родители посакувам да имаат сила и трпение да го надминат ова.

Добрината и љубезноста никогаш не излегуваат од мода!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ позираше во прегратка на светскиот заводник – Рале веднаш се огласи

Еспресо

Хороскоп за 2 јули: Лавовите ќе заблескаат, Јарците ќе имаат неочекувани разговори

Еспресо

„Бевме блиски, се гледавме“: Боба Живојиновиќ откри сè за односот со принцезата Дијана

Еспресо

Јелена Розга проговори за здравствените проблеми: „На терапија сум…“

Еспресо

„Тој од Струмица не сака да мрдне, таму му е рајот нему!“: Влатко Стефановски проговори за случката кога неговиот басист не добил виза за Англија

Еспресо

(Фото) Вељко и Богдана заминаа од Србија: Еве каде се забавува двојката, друштво на одморот им прави мајката на Цеца

Еспресо
Се вчитува....