14:44 - 27 ноември, 2026

(Фото) Ана Николиќ позираше во прегратка на светскиот заводник – Рале веднаш се огласи

Пејачката Ана Николиќ повторно успеа да ги „запали“ социјалните мрежи и да остави многумина во неверување.

Иако е познато дека е во турбулентна емотивна врска со композиторот Горан Ратковиќ Рале, пејачката реши малку да ги зачини работите и да го направи својот партнер љубоморен.

Ана објави серија жешки фотографии на својот инстаграм-профил на кои е во страснен занес со впечатлив, црнокос маж полн со тетоважи, кој ја бакнува и ги држи нејзините гради. На прв поглед, многу следбеници помислија дека Ана е во прегратките на познатиот Микел Мороне, ѕвездата од популарниот филм „365 дена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Сепак, не станува збор за ново момче, туку за вештачка интелигенција (ВИ) со која пејачката малку се занела, менувајќи го стајлингот, позите и изразите на лицето за да ги создаде овие провокативни слики.

Откако фотографиите создадоа општ хаос, нејзиниот вереник Рале итно се огласи и ја разоткри целата ситуација.

Наместо да направи љубоморна сцена, познатиот композитор мирно потврди за што се работи:

– Тоа е слика од ВИ, тоа ми кажа Ана. Таа ми кажа дека е глумец, но дека станува збор за монтажа – изјавил тој за „Телеграф“ ставајќи крај на шпекулациите, и додал дека нема апсолутно никаква причина да биде љубоморен поради тоа.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....