15:03 - 24 ноември, 2026

(Фото) Целото тело во модринки – Милица Павловиќ се повредила за време на снимање на видеоспот

Милица Павловиќ доби бројни модринки на телото за време на снимањето на видеата за песните од новиот албум, кој го освои регионот за помалку од една недела. Сепак, тоа не ја спречи да се откаже и да престане со снимањето.

Дваесет дена напорна работа, часови снимање, постојано повторување на сцени, напорна кореографија и работа до раните утрински часови се кријат зад секој снимен материјал.

Секој кадар мораше да се доведе до совршенство, а најголемиот товар го носеше Милица, која е позната по тоа што никогаш не прави компромис кога е во прашање квалитетот.

Иако нејзините колеги ја предупредија да забави и да направи пауза, таа не сакаше да се откаже од проектот на кој, како што истакнува, работеше цели две години.

– Модринките стануваа сè поголеми од ден на ден. Сите ми велеа да забавам, да направам пауза и да се одморам, но тоа не ми функционира. Реков дека ќе издржам сè и дека публиката заслужува само најдобро. Не се жалев, не барав да се штедам, па затоа не се откажав од ниту една сцена – рекла таа и додала:

– Модринките на рацете се создадоа за време на снимањето на музичкиот спот за песната „Caka“, кој беше кореографски исклучително напорен, а сцените беа повторувани неколку пати. Во еден момент дури и се исплашив поради огромните модринки што ги имав, меѓутоа, не ми беше гајле за тоа – открила Милица Павловиќ за „Вечерње новости“.

Дека перфекционизмот има своја цена, пејачката уште еднаш покажа со свој пример. Иако нејзиното тело беше покриено со модринки, таа не дозволи ни најмала трага од замор или болка да се забележи пред камерите, туку секој кадар го претстави професионално, како што публиката е навикната на неа.

Слични објави

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.

„Бев малолетна“: Наташа Беквалац откри на колку години го имала првиот интимен однос

Е.А.

(Фото) Маја Гроздановска-Панчева изгледа неверојатно на 53 години — пејачката се појави во елегантно издание на настап во Скопје

К.С.

Рецепт за француски колач со јаболка и ванила – неодоливо сочен десерт со мирис на есен

К.С.
Се вчитува....