14:27 - 24 септември, 2026

Јаков Јозиновиќ на „ѕидот на срамот“? По бакнежот со Џејла, фановите жестоко го нападнаа: „Му ја зема девојката на најдобриот другар!“

Љубовниот триаголник за кој со денови се зборува низ регионот доби нов пресврт, откако на социјалните мрежи се појави, а потоа брзо беше избришана снимка на која Џејла Рамовиќ и Јаков Јозиновиќ разменуваат бакнеж на јахта.

Иако видеото беше отстрането за кратко време, тоа веќе се прошири на различни платформи, а реакциите не стивнуваат. Голем дел од коментарите на социјалните мрежи се во поддршка на Бојан Цвјетиќанин, фронтменот на словенечкиот бенд „Џокер аут“, со кого медиумите претходно ја поврзуваа Џејла.

Корисниците на социјалната мрежа Икс објавуваат дека се разочарани од наводната врска меѓу Џејла и Јаков, а дел од нив сметаат дека станува збор за предавство кон Цвјетиќанин. Други, пак, оценуваат дека целата приказна можеби е внимателно осмислен маркетиншки потег.


Во меѓувреме, повторно стана актуелна и вест од 2024 година, кога словенечки медиуми пишуваа дека Бојан Цвјетиќанин бил во врска со холивудската актерка Сејди Синк, позната по улогата во серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things). Тој тогаш ги демантираше таквите тврдења, наведувајќи дека тие се само пријатели.

Дополнително внимание привлече и изјавата на словенечкиот инфлуенсер познат како Непридиправ, кој тврди дека е близок пријател на Цвјетиќанин.

„Оваа љубовна афера воопшто не ме изненади. Се дружиш со Бојан, а зад грб му ја преземаш девојката. Тоа е спротивно на сите кодекси. Одеше кај Бојан дома за да ти помага околу песните, а во меѓувреме му ја освојуваш девојката“, напиша тој на Инстаграм.

Според пишувањата на регионалните медиуми, Бојан Цвјетиќанин по објавувањето на снимката престанал да ги следи, а наводно и ги блокирал Џејла Рамовиќ и Јаков Јозиновиќ на социјалните мрежи. Инаку, двајцата музичари со години биле во добри односи, а фронтменот на „Џокер аут“ повеќепати јавно го поддржувал Јозиновиќ и објавувал нивни заеднички фотографии.

Џејла Рамовиќ никогаш јавно не потврди дека била во врска со Бојан Цвјетиќанин, иако за нивната романса долго време пишуваа медиумите. Во неодамнешно интервју за „Кликс“, на прашањето за нивниот однос, таа одговори:

„Ајде тоа да го оставиме за некој друг пат. Малку ги измешаа работите. Само му го залепија епитетот дека глумел во спотот, а тој го напиша сценариото и го режираше. На крајот сè се сведе на тоа дека е мој дечко, а заборавивме што навистина беше важно.“

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија и бројни теории дека објавувањето, а потоа бришењето на снимката, било дел од промотивна кампања за нивен заеднички музички проект.

„Ако ова е ПР, тогаш е генијално направено“, „Не постои случајно објавено и избришано видео во 2026 година“, „Ако е маркетинг, ова е вистинска лекција како се привлекува внимание“, се само дел од коментарите што кружат на интернет.

Ниту Џејла Рамовиќ ниту Јаков Јозиновиќ засега не се огласија официјално за снимката и шпекулациите околу нивната врска.

Слични објави

„Имав интимни односи со мажи“: Ера Ојданиќ шокираше со признанието од минатото, а сега ужива со 43 години помлада девојка

E.A.

Цела фамилија на сцена: Ана Костадиновска се потсети на среќните денови со „ДНК“

Еспресо

Нора Шаќири по долго време се враќа на телевизија, ќе води поткаст со Пеце од „Суперхикс“

Еспресо

(Фото) Дамјан Дренковски и Александра прославија една година брак во Рим — не ја пропуштија традицијата кај Фонтаната ди Треви

Еспресо

Ѕвездите од српската естрада за дочекот на 2027 година ќе заработат богатство: Објавени и цените на билетите

apostolova

Станете и прошетајте на секој час – оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.
Се вчитува....