12.8 C
Скопје
12:09 - 25 април, 2024

ВИСТИНА Е! ВОДАТА ДЕБЕЛЕЕ: Руски кардиолог објаснува што се случува во телото кога ќе внесеме 2 чаши течност наутро

девојка вода

Не е лесно да се најде патот до здравиот живот во морето на информации. Каде и да се свртите, ќе слушате совети и предупредувања: „Пијте повеќе течности“, „Пијте повеќе вода“, „Дехидрацијата доведува до стареење на кожата“…

Потоа, тука се и оние совети да се напиете вода прво наутро, некаде се препорачуваат дури 300-600 мл течност веднаш по будењето.

Сепак, треба да знаете дека желудникот има просечен волумен од 250 мл, а ако наутро испиете 600 мл вода, желудникот полека се „растегнува“, станува поголем, па подоцна ќе јадете повеќе за да го наполните, пренесува „Alo“.

Советите на интернет велат дека треба да пиете 25 мл течност на килограм телесна тежина дневно. Значи, ако имате 70 килограми, треба да пиете 1,75 литри вода секој ден.

Дали навистина е така, објаснува рускиот кардиолог Александар Леонидович Мијашников.

– Водата влегува во организмот преку три извори, а првиот е она што го пиеме. Не се брои само чистата вода, туку и кафето, чајот, соковите, алкохолот, но и течните јадења како супата. Вториот извор се зеленчукот и овошјето, кои содржат и до 90 отсто вода. Третиот извор е водата што телото ја произведува само како резултат на биохемиската реакција на оксигенација на јаглени хидрати. Да, јаглехидрати“, вели рускиот експерт.

Во нормални услови, на возрасен човек му требаат најмалку 1.600 мл вода дневно, а овде интернетот е блиску до вистината. Каде оди тој минимум?

– Тоа е всушност количината на течност што му е потребна на телото за да ја покрие дневната загуба што поминува низ урината, кожата, белите дробови и столицата, вели д-р Мијашников.

ВОДИЧ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ НА ЕСЕНТА: Нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска советува како да се справиме со настинки

Тој понатаму вели дека со нормална исхрана преку храната внесуваме просечно 800 мл вода, 300 мл телото само произведува, а 1.600 мл е неопходен минус (800 + 300 = 1.100 + 500 мл, што д-р Мијашников смета дека е неопходен дневен внес).

Дали мислите дека размената на течности во телото зависи од количината на испиена и излачена вода?

Не – хормоните кои ги регулираат процесите во телото се произведуваат не благодарение на количината на течност, туку на концентрацијата на натриум или сол! Концентрацијата на сол во крвта и урината одредува колку течност му треба на нашиот организам, објаснува Мијашников.

Доколку телото нема доволно вода, концентрацијата на сол ќе биде поголема и ќе предизвика жед и ослободување на антидиуретични хормони. Резултатот е поголем внес на вода и намалена екскреција преку бубрезите и мочниот меур. Од друга страна, ако количината на вода е преголема, концентрацијата на сол ќе се намали.

ПИЈАЛАК ЗА РАМЕН СТОМАК: Без калории, а со сладок вкус!

– Во тој случај, организмот нема време да се навикне на новата состојба, не може да се зголеми концентрацијата на сол, што може да доведе до опасни последици, вклучително и фатални, предупредува Мијашников.

Докторот заклучува дека ако јадете нормално, треба да пиете најмалку 500 мл течност дневно. Но, д-р Мијашников предупредува дека треба да го следите вашето тело и чувството на жед, а не интернет совети и општи правила кои не можат да важат за секого. Доколку ви требаат повеќе од 500 мл течност, телото ќе испраќа сигнали, тврди д-р Мијашников.

– Имам пациенти кои опсесивно внесуваат и до 10 литри вода дневно. Оваа состојба се нарекува психогена полидипсија и бара третман, бидејќи таквите количини на вода целосно ги променуваат природните механизми, вели експертот.

Слични објави

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо
Се вчитува....