15:42 - 7 ноември, 2026

(Видео) Од 163 килограми до неверојатна трансформација: Синот на Лепа Брена се соблече и ги остави сите без зборови!

Синот на музичката ѕвезда Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, направи драстична физичка трансформација која деновиве е главна тема на социјалните мрежи.

По период во кој се бореше со вишокот килограми, Виктор денес изгледа сосема поинаку и, како што коментираат многумина, подобро од кога било.

Тој неодамна ја напушти Србија и замина во потопли краишта, од каде што редовно се огласува на Инстаграм.

На последната објава, Виктор сподели видео на кое се сонча покрај базен, соблечен, со тело што јасно покажува колку труд, дисциплина и упорност вложил во својата промена. Во описот напиша само еден збор: „Зен“, без да открие каде точно се наоѓа.

Познато е дека Виктор во еден период имал дури 163 килограми. Со редовно вежбање и целосна промена на начинот на исхрана, успеал значително да ослабне.

Сепак, како што пренесуваа медиумите, најтешко му било да се ослободи од масните наслаги во пределот на стомакот, поради што се одлучил и за липосукција.

Фото: Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Лепа Брена во една пригода отворено зборуваше за тешкиот период низ кој поминувал нејзиниот син, но и за стравовите што таа ги имала како мајка.

„Боба и јас често правевме вечери уште додека децата беа мали и така Виктор стигна до 163 килограми. Многу страдав поради тоа, плачев и се плашев да не добие дијабетес. Имаше само дваесет години, а јас постојано имав кнедла во грлото“, призна тогаш пејачката.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....