02:21 - 9 ноември, 2026

(Видео) За неа тоа беше шокантно: Каролина раскажа што ѝ се случи во Јапонија

Каролина Гочева раскажа за една случка од нејзиното неодамнешно патување во Јапонија која ја нарече шокантна.

Нашата музичка ѕвезда при крајот од минатата година беше во Токио со сопругот, уметникот Михаил Корубуин.

-Едно многу убаво и посебно искуство. Заминавме без некои очекувања. Мислам, имавме очекувања, но не знаевме точно што. Секој на свој начин ги доживува тие различни култури.

Но, искрено, воодушевена бев од со целата таа нивна култура, љубезност, чистота. Така што, дефинитивно место каде што пак би заминала. Многу е различно- рече Каролина во емисијата „Никогаш не е доцна“ во Белград каде што беше дел од жирито.

-Ние на Балканот генерално важиме за љубезен народ, особено кога странците се во прашање, но овде тоа беше на некое уште повисоко ниво. Значи, луѓето ви се поклонуваат кога ќе влезете во продавница што беше сосема шокантно за нас како странци.

А, чистотата е нешто е недостижно за жал на овие простори, никаде не сум видела толку да е чисто како што е таму-рече Каролина во видеото кое го објави „Гранд онлајн“.

Фото/Фејсбук принтскрин

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....