19:36 - 24 ноември, 2026

(Видео) Водителката Сања Маринковиќ наполни 52 години: Толку е младолика, што никој не би ѝ дал толку!

Телевизиската водителка Сања Маринковиќ го одбележа својот 52. роденден во интимна атмосфера, а дел од прославата сподели со следбениците на Инстаграм.

Особено внимание привлече необичната торта – наместо класична верзија, таа избра мини „Павлова гнезда“, кои беа центар на празничната трпеза. Покрај нив, на масата имаше и букет бели рози, додека водителката блескаше во затворен црн фустан, надополнет со бисерни обетки.

„Уште една година, уште една желба… И понатаму блескам“, напиша таа во описот на фотографијата на која дува свеќички.

Многумина се изненадени кога ќе слушнат дека Маринковиќ наполни 52 години, со оглед на нејзиниот негуван изглед и препознатлива елеганција.

Неодамна водителката престојуваше на Блискиот Исток, а по загрижените пораки од следбениците, објасни дека во Белград се вратила пред ескалацијата на конфликтите. Тогаш откри дека токму во Доха научила повеќе да ужива во себе и во времето поминато со својот син.

Слични објави

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.
Се вчитува....