13:30 - 4 ноември, 2026

(Фото) Александра од МТВ го покажа синот Лука: Таа и сопругот имаат уникатна љубовна приказна

Нова слика од својот син Лука објави водителката и новинарка Александра Јовановска од Македонската радио телевизија.

Водителката и уредничка на емисиите „Наш подиум“ и „Стисни плеј“ на МТВ го роди синот во ноември минатата година. Александра и нејзиниот партнер Ангел убавите вести ги објавија на нивните инстаграм-профили, а претходно шармантната новинарка јавно не зборуваше за својата бременост. Убавата вест прва ја сподели нејзината колешка, пејачката и водителка Јана Бурческа.

Александра на 1 јануари ги објави првите слики од Лука на Инстаграм и напиша: „Влегуваме во 2026-та побогати за еден цел свет. Лука! Среќна Нова!“.

Новата слика, Александра ја објави на нејзината инстаграм-приказна и напиша: „Добра ноќ“.Нејзиниот партнер Ангел Здравковски е музички продуцент и диџеј на псај-транс музика со интернационална кариера.

Фото/ Инстаграм

„Во изминатите години неколкупати го прелета светот од Австралија до Бразил. Од него учам многу за музичката продукција. Ја анализираме домашната музичка сцена и секогаш барам мислење за новите македонски песни кои ги преслушуваме.

Заедно пораснавме, се градевме и приватно и професионално. Ниту јас сме оптоварени со времето. Не го сметаме за товар, ни за голем успех. Живееме заедно,. Секоја љубов е приказна за себе. За нашата можам да кажам дека е совршено надополнување, во кое секој има доволно слобода да биде свој и да не се претопи во другиот“, рече претходно водителката во „Женски магазин“ за нивната љубов.

Слични објави

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо
Се вчитува....