14:37 - 26 ноември, 2026

(Видео) Во краток мини фустан: Речиси 40 години помладата девојка на Лазар Ристовски заигра во провокативно издание

Актерот Лазар Ристовски (73) веќе подолго време е во врска со својата колешка Аница Лазиќ (34), а нивната љубовна приказна од самиот почеток го привлече вниманието на јавноста поради големата разлика во години.

Сепак, двајцата никогаш не дозволиле тоа да влијае врз нивниот однос, ниту, пак, да ги обесхрабри во јавното и приватното живеење на нивната врска.

Аница е исклучително активна на социјалните мрежи, каде често споделува моменти од секојдневието, но и заеднички фотографии со Лазар. Овојпат, таа објави видео од приватна прослава, на кое може да се види како целосно се препушта на атмосферата, танцувајќи и уживајќи во музиката.

За роденденската прослава, Аница избра краток црн фустан со гол грб и откриени рамена – издание во кое јавноста ретко има можност да ја види.

Во неодамнешно интервју, Аница отворено зборуваше за животот со 39 години постариот партнер, опишувајќи го како исклучително галантен и внимателен.

„Лазар е многу галантен и често ми вели дека сум прескромна. Тој е џентлмен не само кон мене, туку и генерално во животот. Тешко ми е да му изберам подарок, бидејќи не сака чанти, накит и слични работи. Сè што сум му купила, морало да биде со заедничко одење на шопинг – нешто што не му е омилено, но го прави“, раскажа таа.

Актерката зборуваше и за нивниот заеднички живот, признавајќи дека промената ѝ била голема, но пријатна.

„Пораснав во големо семејство, а сега сме сами тој и јас. Тој мир ми годи. Потребно ми беше време да се навикнам, но покрај Лазар ја засакав идејата за партнерски однос. Никогаш претходно не сум била опседната со брак, не сум бркала мажи – секогаш сум се фокусирала на себе, на животот и на работата“, искрено вели Аница.

Слични објави

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо

Едита Арадиновиќ за мајчинството, кредитот за куќата и односот со поранешниот партнер: „Зоја има прекрасен татко, а мене во моментов ми е важен мирот“

Е.А.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.
Се вчитува....