02:35 - 4 ноември, 2026

(Фото) „Жешка“ фотосесија: Мадона го честиташе Божиќ со провокативни фотографии

Иконата на поп-музиката Мадона (67) ги импресионираше обожавателите објавувајќи жешка празнична фотосесија на социјалните мрежи со која го честиташе католичкиот Божиќ.

Во пресрет на празникот, пејачката се појави заедно со своето момче, Аким Морис (29) и нејзините најмлади ќерки, Стела и Естере (13), на фотографии кои се менуваат помеѓу провокативност, сензуалност и семејни моменти.

„Дедо Мраз сака да знае… дали си бил непослушен или добар? Среќен Божиќ на сите!“, напиша таа покрај серијата фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


На дел од фотографиите, Мадона се одлучи за провокативниот стил што ја направи позната низ децениите, позирајќи во жешка атмосфера со својот партнер. Таа се појавува облечена во тесна долна облека што ја нагласува нејзината фигура, на кои доминираше длабокото деколте, подвески, превези за очи и кадифени ткаенини. Нејзиното момче е полуголо,  облечено само во дедо мразовски панталони, па ја надополнува жешката фотосесија на својата сакана.

На другите фотографии, расположението се менува во попозната и попријатна атмосфера, каде пејачката позираше подискретно, облечена во бело фустанче, заедно со своите 12-годишни ќерки близначки, кои ги посвои од Малави во 2017 година.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....