13:47 - 7 ноември, 2026

(Видео) Влада од „Магла бенд“ проговори за најголемата траума од детството

Пејачот Владан Савиќ, познат како Влада од „Магла бенд“, во емисијата „На терапија“ отворено прозборе за тешките моменти од детството, борбата со депресијата и деновите кога побарал стручна помош.

Неговите родители дошле од југот на Србија во Белград без ништо и работеле деноноќно за да му обезбедат сè на семејството. Но, поради тоа, пејачот од детството носи длабока траума.

„Татко ми толку многу работеше што неколку пати забораваше да ме земе од градинка. Можете ли да замислите каква траума е тоа за шестгодишно дете? Тоа е како кога ќе оставите куче, тоа мисли дека никогаш повеќе нема да се вратите. Седев со воспитувачките во дворот и се прашував дали татко ми е изопшто жив и дали ќе дојде по мене. Иако тој е најдобриот татко на светот, за мене тој период беше исклучително стресен“, се присети Влада.

Покрај детските стравови, пејачот отворено зборуваше и за подоцнежните животни удари — тешкиот развод од поранешната партнерка Јована, влегувањето во депресија и порокот со алкохолот, кои го натерале да побара помош од психијатар и да започне со соодветна терапија.

За среќа, по долгата борба, Влада успеа да го преброди овој тежок период, а дополнителна победа за неговото семејство беше и успешното лекување на неговата мајка која имаше рак. Денес, пејачот ужива во новиот брак со сопругата Марија и во стабилниот однос со својата ќерка.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....