11:09 - 7 ноември, 2026

(Видео) Тереза ​​Кесовија одржа проштален концерт во Сплит: На сцената беше поддржана од колегите, испратена со огномет

Тереза Кесовија одржа емотивен проштален концерт во Сплит, со што го започна циклусот од четири најавени настапи со кои се збогува од музичката сцена по повеќедецениска кариера.

Првично концертот требало да се одржи во Хрватско народно казалиште во Сплит, но поради огромниот интерес бил преместен на Стари плац – поранешното игралиште на Хајдук Сплит.

И покрај здравствените проблеми, 87-годишната уметница излезе на сцената и со песна се прости од публиката. Концертот започна во 20:35 часот, а вечерта ја отвори водителката Мирта Шурјак, која зборуваше за животот и кариерата на Кесовија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RTL Danas (@rtl_danas_)

„Мои мили луѓе. Ме прашуваа – зошто токму Сплит… Знам зошто. Дубровник е мојот роден град, но Сплит е Сплит… Тој ми даде форма и ми покажа што значи сигурност“, им се обрати пејачката на присутните.

На сцената стоеше потпирајќи се на стап, а во текот на настапот ѝ помагаа гостите, меѓу кои Ана Уршула Најев, Зринка Милиќ и Клапа Филип Девиќ.

„Толку години, 65 години – тоа не е малку, нели? Ви благодарам од срце… како да сонувам еден убав сон што се оствари“, рече таа, заблагодарувајќи му се и на градоначалникот Томислав Шута за преместувањето на концертот.

Со насмевка додаде: „Јас сакам поинтимни простори, театар… но вечерва сум горда што сум тука, на корените на Хајдук“.

 

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....