19:11 - 21 ноември, 2026

(Видео) Тања Савиќ блесна на семејната свадба: Не ја симнуваше насмевката додека позираше со младенците

Во семејството на српската пејачка Тања Савиќ викендов се славеше. Нејзиниот брат Немања Савиќ организирал свадбена прослава со својата избраничка Сара, а првите снимки од свеченоста веќе се појавија на социјалните мрежи.

На видеото, кое го објавила страницата „Србија шоу биз“ на Инстаграм, младенците позираат под раскошен цветен лак, опкружени со природа.

Сара за посебниот ден избрала впечатлива венчаница со спуштени раменици, додека Немања бил облечен во елегантен смокинг.

Посебно внимание привлекла Тања, која овојпат била покрај својот брат и снаата во важниот семеен момент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srbija Showbizz (@srbija_showbizz)

Пејачката со насмевка позирала со младенците, а на прославата друштво ѝ правел и нејзиниот партнер Мухамед Муки Бешиќ.

Овогодишната прослава добива дополнително значење поради случувањата од минатата година, кои тогаш предизвикаа бројни шпекулации за односите во семејството Савиќ.

Немања и Сара всушност се венчале уште во мај минатата година, кога Сара била бремена. Тогаш церемонијата била организирана во кругот на најблиското семејство.

Тања, сепак, не присуствувала на таа венчавка, што привлече големо внимание во јавноста и отвори прашања за нејзиниот однос со братот.

Сега сликата е сосема поинаква.

Тања била покрај Немања и Сара, позирала со снаата и младенците, а снимките од прославата ја прикажуваат расположена и насмеана во друштво на својот партнер Муки.

 

Слични објави

(Видео) Џејла Рамовиќ никогаш попровокативна: Мини фустанот и белите чорапи до бутовите ја истакнаа нејзината фигура

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус ги засука ракавите и ја уреди својата оаза во природа, погледнете го нејзиното ново катче

Т.Ц.

(Фото) Саша Ковачевиќ ѝ остави јавна порака на поранешната на Инстаграм! Фаталната русокоса го прослави 33. роденден, а еве што ѝ напиша

Еспресо

Некому нова љубов, некому напредок на работа — кој е најсреќниот месец за вашиот знак во 2027 година?

К.С.

(Фото) Српската естрада денеска го слави Свети Архангел Михаил: Сармите на Брена им се омилени на сите, Чолиќ оди во црква со ќерка си, Неда го собира семејството на ручек

Еспресо

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova
Се вчитува....