15.3 C
Скопје
14:56 - 14 октомври, 2026

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева уште еднаш покажа колку големо место во нејзиниот живот имаат хуманоста и помагањето на другите. Таа на својот фејсбук-профил објави видео со Дени Жерновска, девојка со попреченост која многу ја сака музиката и со која ја поврзува долгогодишно пријателство.
„Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“, напиша Турунџиева покрај видеото, на кое свири на клавијатура, додека Дени пее покрај неа.
Нивната блискост започнала уште кога Дени била ученичка во основно училиште, каде што Турунџиева ѝ предавала музичко образование. Но, нивниот однос не завршил со училишните часови. Напротив, Сузана продолжила да ја поддржува Дени и да ѝ помага да ја развива љубовта кон музиката.

Дени има церебрална парализа и се движи со помош на количка, но тоа не ја спречува да се занимава со музика и танц. Таа пишува песни, а во 2023 година ја сними својата трета песна „Пчела“, за која текстот и музиката ги напиша Турунџиева, а аранжманот го направи Андријана Јаневска. Во спотот гостуваше и Атиџе Муратова, жената која светот ја запозна преку документарниот филм „Медена земја“.
Пријателството на Дени и Атиџе започна во 2021 година, кога Сузана реши да ѝ ја исполни желбата на својата ученичка да ја запознае хероината од „Медена земја“. Тогаш ја донесе Атиџе во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопје, каде што двете заедно запеаја. Оттогаш Дени повеќепати пеела со Атиџе.
Турунџиева и претходно со многу љубов зборуваше за Дени и за нејзината желба да танцува. Во една своја објава раскажа како ученичката ја прашала дали и таа може да учествува на часот по танци и ора. За Сузана, тој момент бил уште една потврда за нејзината упорност и љубов кон животот.
Нејзиното долгогодишно дружење со Дени е пример за посветеност која продолжува и надвор од училницата.
Хуманоста на Турунџиева е препознатлива и преку нејзиното долгогодишно пријателство со Атиџе Муратова. По успехот на „Медена земја“, Сузана ѝ помагаше на Атиџе да ги подобри условите за живот, организираше хуманитарни активности и ја поддржуваше нејзината желба да продолжи да пее. Атиџе стана и почесна членка на женскиот хор „Фрида“, кој го основа Турунџиева.
Во интервју за „Слободен печат“, Сузана зборуваше за бројните обврски, за грижата за семејството и за желбата да им биде поддршка на луѓето околу себе. Сузана Турунџиева зад себе има и тежок здравствен период, откако ѝ била откриена сериозна дијагноза, со која, како што самата откри, успеала да се избори. Во интервју за „Слободен печат“ минатата година, пејачката и водителка искрено зборуваше за здравствената битка и за тоа како тешкото искуство ѝ го променило погледот кон животот.
„Ни во сон не можев да претпоставам дека некогаш ќе ми биде дијагностицирана сериозна дијагноза“, изјави тогаш Турунџиева, додавајќи дека научила повеќе да се грижи за себе и дека благодарение на вербата во Бога и во медицината добила шанса за нов живот.

Слични објави

Српската манекенка Слаѓана Тесла пронајдена мртва

Еспресо

Допpва ќе правите ручек? Со овој едноставен трик печените компири ќе бидат совршено крцкави

К.С.

„Магла бенд“  ја поканија Анатасија Ражнатовиќ на концерт по нејзината објава

Е.А.

(Видео) Браќата од „Некст тајм“ се вратија во градинката во која пораснале — ги израдуваа дечињата со прекрасен гест

К.С.

Седум години од смртта на Дивна Карлеуша: Куќата во која почина остана заклучена и затворена засекогаш

Е.А.

(Фото) Двојна семејна прослава кај Дарко Илиевски — ја крстија ќерката Ана, а синот Матео наполни седум години

К.С.
Се вчитува....