14.8 C
Скопје
13:32 - 14 октомври, 2026

Српската манекенка Слаѓана Тесла пронајдена мртва

Српската манекенка Слаѓана Тесла (53) е пронајдена мртва во вторникот, 13 октомври, во својот стан во Нов Белград, објавија српските медиуми.

Според неофицијални информации до кои дошол српски „Телеграф“, Слаѓана Тесла живеела сама, а соседите не ја виделе неколку дена.

Откако од нејзиниот стан почнала да се шири непријатен мирис, станарите го известиле управителот на зградата, кој потоа ја повикал полицијата.

По пристигнувањето на местото на настанот, надлежните служби влегле во станот и го затекнале нејзиното тело.

Слаѓана Тесла беше едно од препознатливите лица во српската модна индустрија кон крајот на минатиот и почетокот на овој век.

Во текот на нејзината повеќегодишна кариера работеше за водечки српски и странски дизајнери, оставајќи свој белег на модните писти низ целиот регион.

На јавноста ѝ беше позната и по тврдењата дека е во роднинска врска со славниот научник Никола Тесла.

По завршувањето на манекенската кариера, таа останала активна во светот на модата, работејќи како кореографка и организаторка на настани.

Слични објави

Допpва ќе правите ручек? Со овој едноставен трик печените компири ќе бидат совршено крцкави

К.С.

„Магла бенд“  ја поканија Анатасија Ражнатовиќ на концерт по нејзината објава

Е.А.

(Видео) Браќата од „Некст тајм“ се вратија во градинката во која пораснале — ги израдуваа дечињата со прекрасен гест

К.С.

Седум години од смртта на Дивна Карлеуша: Куќата во која почина остана заклучена и затворена засекогаш

Е.А.

(Фото) Двојна семејна прослава кај Дарко Илиевски — ја крстија ќерката Ана, а синот Матео наполни седум години

К.С.

Судбината им подготвува голем пресврт — овие четири хороскопски знаци ќе ја остават тешката година зад себе во 2027

К.С.
Се вчитува....