9.8 C
Скопје
15:48 - 31 март, 2026

(Видео) Случај Ен Хеч: Повикот на 911 од соседот дава информации за страшната паника на местото на несреќата

Со избезуменото аудио, човекот – веројатно сосед – кој повикал 911 веднаш по несреќата кога познатата глумица се удрила во куќата со својот автомобил, се доловува дел од морничавата атмосфера на настанот на несреќата.

Соседот ѝ кажал на полицијата дека автомобилот се движел толку брзо што се наоѓа во втората соба од куќата.

„Како да е 10 стапки внатре во куќата“, рече соседот.

Полицијата го замолува соседот да се обиде да ја извлече жртвата од автомобилот на при тоа да биде сигурен дека нема да го стави во опасност својот живот.

Малку подоцна соседот ѝ кажува на итната служба дека автомобилот гори и дека чадот станува „навистина црн“, додека се слуша како гласови врескаат во позадина…Соседот продолжува да објаснува дека некој е заробен во автомобилот, но тој тогаш се уште не знае дека станува збор за позната глумица. Сирени ечат во позадина.

„Еве доаѓа болничарот“, вели соседот.

Полицијата од итната служба која е на телефонска линија го замолува соседот да остане на телефон додека лекарите не почнат да и помагаат на жртвата.

По несреќата Хеч беше хоспитализирана во критична состојба.

Инспекторите добија налог за проверка на нејзината крв и последователните тестови покажаа дека таа била под дејство на наркотици, соопшти полицијата.

Нејзиниот портпарол изјави за Си-Ен-Ен дека актерката има значајна повреда на белите дробови за која е потребен респиратор, и дека се здобила со тешки изгореници. Нејзиното семејство и пријателите подоцна рекоа дека таа претрпела и тешка аноксична повреда на мозокот, која се јавува кога мозокот е лишен од кислород.

До нејзината смрт во неделата, таа беше одржувана во живот за да се утврди дали нејзините органи се од витално значење за донација.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....