22:26 - 11 јули, 2026

(Видео) Северина со срцепарателна изјава: Бев една од реките мајки на кои не ѝ беше дозволено да објави слика со синот

Северина на 7 и 8 ноември одржа два големи концерти во „Арена Загреб“. За време на настапот, на големиот екран се прикажуваа моменти од нејзината кариера и приватен живот, а додека ја изведуваше песната „Роѓено моје“, таа со публиката сподели досега невидени видеа и фотографии од својот син Александар.

„Поминавме тежок животен пат, но тој сега е со мене и израсна во прекрасен тинејџер“, рече пејачката пред изведбата на песната.

Потоа искрено додаде дека била „една од ретките мајки на светот која не смее да објавува фотографии од своето дете“.

„На крај добив дозвола од најважната личност – моето дете. Дозвола посилна од било кој закон или бирократ. Конечно повторно живееме среќно и убаво.

За жал, многу жени и понатаму остануваат заробени во маѓепсаниот круг на нечувствителниот и корумпиран систем – од социјалните служби до судовите. Без средства за бесконечни постапки, без надеж за правда. Често се оставени сами, исцрпени психички и финансиски. Единствено ги грее љубовта на нивните деца. И мене токму таа љубов ме одржа. Љубовта секогаш го победува злото“, напиша Северина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Познато е дека Северина со години водеше правна борба со поранешниот партнер Милан Поповиќ околу старателството над нивниот син.

Во 2018 година, судот донесе првостепена одлука според која Александар требаше половина време да живее со мајката, а половина со таткото.

Но, кон крајот на 2019 година, судијката Теа Голуб донесе привремена мерка според која детето преминува да живее со таткото, кој „самостојно се грижел за неговото здравје и образование“. На денот на пресудата, во ноември 2019 година, Северина морала веднаш да го предаде детето.

По долга, болна и исцрпувачка борба, Александар конечно беше вратен во нејзино старателство.

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....