07:23 - 7 ноември, 2026

(Видео) Северина доби незаборавна роденденска честитка од Шерон Стоун, остана без зборови

Славната Шерон Стоун ѝ го честита 51 роденден на Северина со видео порака, која хрватската пејачка ја сподели на Инстаграм. Таа призна дека останала без зборови на момент и колку ѝ значи оваа роденденска честитка.

„Ви посакувам магичен роденден и се надевам дека ќе се запознаеме оваа година“, ѝ порача Стоун на Северина.

Хрватската пејачка ѝ се заблагодари и на Шерон и на Орнела Амулиќ, поранешна ѕвезда на Големиот брат, која денес работи како продуцент во Америка и која ѝ го приредила ова иненадување.

„О, блажена Богородице, не знам како да кажам нешто за Шерон Стоун… која исто така ми го честита роденденот. Само уште да ми се појави Богородица… Што да кажам освен – благодарам на една прекрасна, многу паметна (IQ 154) и силна жена, мајка, актерка, икона и идол на генерацијата, која направи многу добро за жените“, пишува меѓу другото хрватската пејачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....