17.8 C
Скопје
18:33 - 18 октомври, 2026

(Видео) Сања му го чува грбот на Слаткар, поводот е специјален

Сања Николиќ секогаш му чува грб на својот сакан сопруг Марко Маринковиќ-Слаткар, а така беше и овојпат, на ново видео кое е објавено на социјалните мрежи.

Слаткаристика се појавил како изненадување на концертот на Калиопи во Филхармонија. Излегувајќи од публиката тој заедно со Калиопи го испеал нивниот нов дует „Води ме“. На видеото кое го објави продукцијата „Прагма“ се гледа и Сања Николиќ.

Фото / Фејсбук

Таа го снима својот сопруг додека се симнува од горниот дел на салата и доаѓа кон сцената. Сања му е отсекогаш најголемата поддршка на Слаткаристика, а така беше и овојпат. Инаку, ова е четврт концерт на Калиопи, кој таа го распродаде во изминативе недели.

Фото / Фејсбук

Неодамна, емотивна објава му посвети Сања Николиќ на својот сопруг Слаткаристика на инстаграм. Сања, која поретко е активна на социјалните мрежи, тогаш имаше добар повод.

Таа ја објави новата песна на Слаткар, „Ѓ-ѓа Сара“ која е всушност продолжение на приказната од неговиот стар хит „Сара“, и напиша: „Само он може вака да раскаже. Литературно четиво!“

 

 

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....