16:32 - 31 март, 2026

(Видео) Рокерот Сале – Срв со нова песна „Македонија“; видеото ни носи преубави кадри од земјата

Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, по последните свои песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, има нова авторска песна.
Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар песната ја посветил на на неговата и наша, родна “Македонија”, како што гласи самиот наслов на неговата нова тема полна со национални чувства и патриотски набој и родољубиви емоции кон единствената татковина, вткаени во одличните стихови на стариот проверен мајстор, Огнен Неделковски. Затоа и не случајно 2-ри август, големиот македонски национален празник Сале го одбрал за промоција на песната која пак е компонирана од уште еден музичар, член на познатите балкански бендови со кои Сале како менаџер соработува – Бојан Станимировиќ од “Амадеус бенд” и македонскиот инструменталист на народни инструменти Алек Петковски, додека аранжманот го потпишува Дамир Имери.
Песната “Македонија”е снимена во студиото “City sound”, а продукцијата и миксот/мастетингот се на Љупчо Соколовски. Песната е визуелизирана со видео кое меѓудругото содржи преубави кадри од прекрасните убавини на Македонија, а неговата реализација ја потпишуваат дури две видеопродукции: “Куба видео” и “ДРД медиа”. Честитајќи Ви го Илинден, Сашко Андриески или Сале СРВ како што му е уметничкиот прекар ве кани премиерно да ја проследите неговата визија за “Македонија”.

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....