9.8 C
Скопје
15:12 - 31 март, 2026

(Видео) Реакцијата на Рајан Гослинг стана хит на интернет: Што кажаа водителите?!

Откако беше прогласен победникот, Рајан Гослинг изгледаше запрепастено и веднаш не ни разбра што кажаа водителите. Видеото од неговата реакција стана вирално на интернет и ги забавуваше корисниците.

43-годишниот канадски актер и музичар Рајан Гослинг случајно стана херој на новo мемe откако реагираше на неговата победа на Critics’ Choice Awards 2024 во категоријата „Најдобра песна“, пишува People.

Кога водителite Бела Ремзи и Ентони Рамос објавија дека „I’m Just Ken“ од филмот за Барби ја освои наградата за најдобра песна, Гослинг ги крена веѓите и изгледаше вчудоневиден од веста. Тој потоа стана и изгледаше како на шега одмавнува со главата, аплаудирајќи им на музичарите Марк Ронсон и Ендрју Вајат додека излегоа на сцената за да ја примат наградата.

„Рајан Гослинг, ова е колку твоја награда, колку и наша. Ја натеравте публиката да се заљуби во оваа песна со вашата неспоредлива изведба, па ви благодарам“, рече Ронсон од сцената.

Номинацијата за најдобра песна вклучуваше уште две песни од саундтракот за Барби: „Barbie: The Album: „Dance the Night“ од Дуа Липа и „What Was I Made For?“ од Били Ајлиш.

Номинирана во 18 категории, „Барби“ таа вечер однесе уште пет награди, меѓу кои за најдобра комедија, најдобро оригинално сценарио, најдобар дизајн на продукција, најдобар костим и најдобра фризура и шминка.

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....